social image

Добредојдовте во 10ка!

10ка е идеја што ја сонувавме 10 години, а денес ја претвораме во реалност!

Создадовме место каде што ќе ги пронајдете идеите, инспирацијата и сè што ви е потребно за вашите најубави моменти – од свадби и родендени до сите други прослави што заслужуваат да се паметат.
Нашата цел е едноставна: да ги поврземе оние што слават со луѓето и бизнисите што ги прават прославите посебни. Сè на едно место, лесно и едноставно!

За нашите бизнис-партнери

10ка е вашето место за поголема видливост, промоција и нови можности!

Ако нудите услуги или производи поврзани со свадби, родендени и други свечени настани, ви нудиме можност да го претставите вашиот бизнис пред публика која активно бара токму такви услуги.
Преку 10ка, вашиот бизнис може полесно да биде откриен од идни младенци, родители, семејства и сите оние што планираат посебен настан.

Без разлика дали имате ресторан, вила, игротека, фото-студио, музичка група, бутик или нудите друга услуга за прослави – 10ка е тука да ви помогне да стигнете до вашите идни клиенти.

Нашата приказна, вашите моменти

Веруваме дека секоја прослава започнува со една идеја, а секој незаборавен момент со вистинскиот избор.
Затоа создаваме место што инспирира, поврзува и го прави планирањето полесно за сите.
10ка – сè за вашите најубави моменти, на едно место!